(ФОТО) Жерновски: Животот е премногу кус за да се живее тажно

Од:

„И ние возрасните сакаме шарен а не безбоен свет“, оваа порака до децата и присутните ја упати градоначалникот на општина Центар, на отворањето на манифестацијата „Сакаме шарен, а не безбоен свет“.

Андреј Жерновски, кој е покровител на манифестацијата, посочи дека ако во петокот имаше настан на кој децата и учениците од општина Центар ги претставуваа традициите на европските земји и бевме под исто, европско небо, денеска под исто небо се сите единаесет култури на нашите народи и народности.

andrej-z-21maj1

„Нашата општина секогаш ќе ги подржува и ќе учествува во организирање на вакви проекти. Само заедно и почитувајќи се, имаме иднина.

– Денеска се потсетуваме дека животот е премногу кус за да се живее тажно. Децата не разликуваат националност и вера, туку само добрина и пријателство“, рече Жерновски.

deca-21maj-z

На манифестацијата децата ги претставија традицијата, културата, музиката на сите единаесет народи и народности: македонската, албанската, српската, црногорската, хрватската, турската, босанската, влашката, ромската, еврејската и ерменската.

deca-21maj-z1

Општина Центар трета година ја организира манифестацијата во соработка со Британскиот совет, Комисијата за еднакви можности, Секторот за образование, млади и спорт, а се реализира од седумте основни училишта во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила