Првата дама на САД, Меланија Трамп, го одржа својот прв предизборен митинг за поддршка на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, во близина на Филаделфија.
За време на својот говор, Меланија, пред неколку стотици приврзаници, вербално го нападна демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и медиумите.
.@FLOTUS Melania Trump: "Under my husband's leadership, our nation is respected again." pic.twitter.com/PdRTbuWGbf
— The Hill (@thehill) October 29, 2020
Првата дама, бранејќи ги политиките на Трамп во борбата против коронавирусот, се обиде да ги минимизира ризиците што ги носи вирусот за американското општество, поради кој, досега околу 226.000 Американци го загубија својот живот, објави „АП“.
Таа ги обвини демократите затоа што, според неа, тие ги ставаат своите лични интереси пред благосостојбата на американскиот народ и се фокусираат на „лажните барања за отповикување на претседателот“, наместо да го стават својот фокус на пандемијата.
First Lady Melania Trump: Joe Biden’s socialist agenda will only serve to destroy America pic.twitter.com/NCOBa50dx9
— Team Trump (Text VOTE to 88022) (@TeamTrump) October 27, 2020
Меланија Трамп ја критикуваше „социјалистичката програма“ на Бајден и ги нападна медиумите, обвинувајќи ги дека се впуштиле во „бесмислени озборувања и судски интриги“ во Белата куќа.
„Политиката и социјалистичката програма на Бајден само ќе ја уништат Америка и сè што е направено во изминатите четири години. Ние мора да го спасиме Доналд во Белата куќа за да го завршиме она што го започна, а нашата земја ќе продолжи да цвета. Не се затвораме и не се криеме во страв кога е тешко“, рече, првата дама на САД.