Во операција на специјалните сили во Назран, најголемиот град на Руската Република Ингушетија, убиени се воениот емир на организацијата „Кавкаски емират“ Џамалејл Муталиев и неговиот помошник Алихан Оздоев.
Пртетседателот на Ингушетија Јонус-Бек Евкуров изјави дека на борците им било предложено да се предадат, но тие отвориле оган, на што специјалните сили возвратиле.
Муталиев и Оздоев биле опколени во куќа, од која претходно биле извадени една жена и дете. За време на операцијата нема настрадани припадници на специјалните сили и цивили.