СДСМ: Неопходно е сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот

Од:

„Во време кога есенскиот бран на пандемијата со коронавирусот е во полн налет, бројот на инфицирани расте, болничките капацитети се полнат, а здравствените работници се преморени, важно е сите да покажеме одговорност за сопственото и за јавното здравје.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и покрај обидите за опструкции од ВМРО-ДПМНЕ, ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести“, велат од СДСМ.

„Со овие измени стапуваат на сила новите мерки, коишто се имплементирани во цела Европа и гарантираат повисок степен на заштита и намалување на ширењето на коронавирусот.

Покрај носење заштитна маска во затворени простори каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции и приватни деловни објекти, сега е задолжително носење заштитна маска и на отворен простор.

Носењето маска не е потребно при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедница, при престојување во двор во семејна куќа со лица од исто семејство, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот е забрането, а угостителските објекти затвораат во 23 часот.

Исто така, преполовен е капацитетот на патници во јавниот превоз и важи препораката, ако е можно да се работи од дома, онлајн.

Инспекциските служби имаат поголеми ингеренции, а непочитувањето на мерките се казнува.

Самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот е задолжителна, а во случај тестот да биде позитивен на вирусот ковид-19, лицето останува во изолација.

Со новите мерки е уреден и начинот на лекување на лица заболени од ковид во приватни установи. Интернисти од приватното здравство се спремни да учествуваат во работата во клиниките и болниците не само во Скопје туку и низ државата.

И покрај сериозноста на ситуацијата, состојбата е под контрола и никој нема да остане без здравствена нега.

Сега е неопходно сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.

Само на тој начин, заедно можеме да ја намалиме трансмисијата на вирусот и да го заштитиме јавното здравје“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“