Земјотрес со сила од 6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди полуостровот Камчатка, кој се наоѓа на источниот дел на Русија.
Епицентарот бил на длабочина од 33 километри источно од рускиот град Петропавловск, се наведува во соопштението, пренесе „Франс прес“.
По првиот најсилен удар, следеле уште четири на поголема длабочина од 44 километри.
Се претпоставува дека нема жртви и материјална штета по потресот, бидејќи Камчатка е слабо населена област во Русија.
Според Американската геолошка опсерваторија, полуостровот Камчатка е еден од најактивните сеизмички региони во светот.
Елена Георгиевска