ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата и Филипче да си дадат оставки, 870 заболени и 14 починати за еден ден се заради нивната неспособност

Од:

„Македонија со Венко Филипче на чело на здравство руши негативни рекорди. Бројката од 870 заболени за само еден ден е директно негова вина. Филипче преспа цело лето, иако знаеше дека доаѓа есенски бран на КОВИД не се подготви. Бројот на починати е исто така алармантен, 14 вчера, а веќе неколку дена бројката е двоцифрена.

Болничките капацитети се исполнети, Филипче цело лето не направи ниту една болничка просторија повеќе“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Вакцини против сезонскк грип нема. Хронично болните се на удар. Медицинскиот персонал не е целосно обучен, иако можеше да се примени систем на ротација, тоа не се направи.

Венко Филипче не направи ништо со што ќе го спречи енормното ширење на заразата. Дополнително проблем е и загадувањето, за кое власта 4 години нема решение, иако тврдеа дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух веднаш откако ќе дојдат на власт, 4 години потоа воздухот е позагаден од кога било претходно.

Комбинацијата од загадениот воздух и КОВИД влијае фатално за лицата со хроничнк болести, а е и проблем за трудниците, затоа ВМРО-ДПМНЕ бара нивно ослободување од работа. Здравјето и животот на граѓаните нема цена.

Филипче покажи минимум емпатија со народот и дај си оставка“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ