Националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец, вечерва на својот профил на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирусот.
Денес добив лесни симптоми на настинка, се тестирав и вечерва добив позитивен КОВИД-19 резултат. Добро се чувствувам, ги следам целосно советите на лекарите и од овој момент одам во домашна изолација. Водете максимална грижа, вирусот наоѓа најразлични начини да продре до човечкиот организам. Носете маска секогаш, секаде, одбивајте физички контакти, преместете ги сите состаноци онлајн, одбивајте групирање, дезинфицирајте. Чувајте се, преку дисциплина и упорност ќе успееме. Стоп КОВИД-19!,“ напиша шефот на владината служба за односи со јавноста.