Пратеничката на Социјалистичката партија на Србија, Јелена Михаиловиќ, го искористи своето време на говорницата во Парламентот на невообичаен начин – таа наместо заклучок на крајот на говорот, во рап стил изрецитира песна, бидејќи, како што вели, тоа е изразот на генерацијата на којашто ѝ припаѓа.
Новиот претседател на Скупштината и воедно партиски лидер на Михаиловиќ, Ивица Дачиќ, имаше намера да ѝ го одземе зборот, но сепак ѝ дозволи на младата колешка да се истакне со необичниот потег.
Пратеничката, која е родена во 1987 година и по професија е виолончелистка, рече дека песната што ја рапува е од 1981-та, а во неа се спомнуваат теми кои и денеска се актуелни, па затоа решила да ја изведе својата мала музичка точка во Парламентот.