Учење англиски со карти со ликовите на Трамп и Бајден

Од:

Едно училиште по англиски јазик во Јапонија дојде до необична идеја – учениците да се запознаат со јазикот преку актуелностите околу претстојните претседателски избори во САД.

Имено, децата добија задача да играат карти со ликовите, но и коментари на и за Доналд Трамп и Џо Бајден. Притоа, во училиштето во градот Нигата се читаат и дијалозите што Трамп и Бајден ги имаа за време на изборната кампања.

– Вака тие можат, преправајќи се дека се самите политичари, да научат како им ги пренесуваат своите пораки на гласачите. Сакам моите студенти да можат да го искажат своето мислење на англиски јазик, вели Сатоши Ватанабе – директор на школото.

На картите ги има и слоганот на Трамп – „Да ја зачуваме Америка голема“, како и оној на Бајден – „Светот изгради ѕид околу нас“. А пак, наставниците им ја објаснуваат на учениците смислата и позадината на тие коментари.

Како „џокери“ (дворски шутови), во „шпилот“ се јавуваат лицата на Владимир Путин и Си Џинпинг – претседателите на Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд