Само едно лице е во изолација поради контакт со Спасовски

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице кое било во контакт со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е заразен со коронавирусот. Директорката на Инспекторатот Иринка Сотирова – Бухова соопшти дека епидемиолошката анкета на министерот покажала дека само кај едно лице има ризик за зараза.

„По спроведена епидемиолошка анкета утвредено е дека само за едно лице постои среден, односно висок степен на загрозеност. Издадено е едно решение по основ на контакти“, рече директорката Бухова.

Министерот Спасовски во понеделникот извести дека е позитивен на Ковид – 19 и покрај тоа што ги почитувал мерките за заштита од вирусот. Тој изминатиот викенд учествуваше на дигиталниот конгрес на СДСМ, кој според партијата, се одржал во голема просторија со помалку од триесет отсто исполнетост на капацитетот.

Вчера, пак, за позитивен наод на Ковид – 19 извести и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Директорката Сотирова – Бухова рече дека изминатите шест дена се издадени вкупно 6715 решенија за изолација на лица позитивни на коронавирусот или лица кои биле во контакт со позитивен на Ковид – 19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски