Израелската армија отвори оган кон територијата на Сирија, врз позиции од каде претходно беше стрелано врз Голанската Висорамнина, соопшти денеска прес-службата на Вооружените сили на Израел.
Инцидентот се случил во текот на минатата ноќ кога од сириска територија бил отворен оган врз израелска воена патрола на Голанската Висорамнина во близина на границата со Сирија. На ова израелските војници возвратиле, стрелајќи кон напаѓачите на сириска територија.
Во соопштението се посочува дека нема жртви меѓу израелските војници, но дека е оштетно возилото на воената патрола.
Засега нема информација кој стрелал врз израелските војници и дали има жртви на сириска територија при возвратиниот напад.