Панамските власти запленија околу 2,5 тона кокаин крај карипското крајбрежје на земјата, пренесе ДПА, повикувајќи се на крајбрежната стража.
Наркотикот бил откриен во петокот на брз моторен чамец во близина на градот Колон. Уапсен е државјанин на Хондурас, кој бил вооружен.
Властите во Панама од почетокот на годината заплениле над осум тони дрога. Централноамериканската држава е транзитен коридор за наркотици од соседна Колумбија кон најголемиот наркопазар во светот- САД.