Група ученици и родители попладнево пред спомен куќата на Мајка Тереза мирно протестираа против екстерното тестирање, пренесува 24 Вести.
Нивниот слоган е „Не за екстерното, да за нормалното“.
Групата средношколци ги повикаа сите ученици, младински и невладини организации, граѓански активисти, родители и професори да им се приклучат на мирниот протестен марш закажан за 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Протестниот марш според предвиденото ќе започнел точно во 12 часот од пред споменикот на Мајка Тереза.