Собранието на денешната седница ги верификуваше мандатите на новите четворица пратеници: Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска од Коалицијата „Можеме“.
Верификацијата ја потврдија 83 пратеници кои гласаа по предлогот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања. Собранискиот спикер Талат Џафери им го честита мандатот на новите пратеници.
Овие народни избраници доаѓаат на местата на пратениците: Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ, Бајрам Реџепи од ДУИ и Мухамед Зекири и Сања Лукаревска од СДСМ, кои поднесоа оставки од пратеничките функции.
Никој од пратениците кои поднеса оставки не ги образложи причините пред Парламентот. Претходно оставките ги верифицираше Собранието, а имињата на новите пратеници ги достави Државната изборна комисија по барање на Претседателот на Собранието.