Рекорден број на новозаразени во Полска, за 24 часа над 16 илјади позитивни случаи

Од:

Рекорден број на новозаразени со коронавирус е забележан во Полска за еден ден -16.300.

Премиерот на државата, Матеуш Моравиецки предупредува дека учесниците на протестот против заострувањето на Законот за абортус го занемаруваат ризикот од масовно заразување.

Во претходните пет дена во Полска се одржаа големи протести против одлуката на Уставниот суд, според која дури и абортирањето на фетус со вродени дефекти станува нелегално.

Полска е земја со еден од најрестриктивните европски закони за абортус, а пресудата практично значи целосна забрана за абортирање на жените.

Невладината организација „Федерација на жени и планирање на семејството“ соопшти дека годишно во Полска се извршуваат од 100.000 до 150.000 абортуси, од кои некои илегално, а некои во странство.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад