(ВИДЕО) Пачаџиева: Завршена е реконструкцијата на улицата „Лазар Личеноски“

Од:

„Фокусирани на потребите на граѓаните, Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, заедно со Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, предводени од СДСМ, со силна динамика продолжуваме во унапредувањето на патната инфраструктура во нашата општина.

Во таа насока, завршена е реконструкцијата на улицата „Лазар Личеноски“ во општина Центар, на потегот од Спортско рекреативниот центар „Кале“ до крстосницата со булеварот „Никола Карев“.

На оваа делница се изврши реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници“, рече Ружа Пачаџиева, советничка во Советот на општина Центар.

„Како владејачка партија посветено продолжуваме да работиме за развојот и иднината на општина Центар.

Вложуваме во подобрување на патната инфраструктура во градот, работиме уште повеќе за да биде уште подобро“, изјави Ружа Пачаџиева, советничка во Советот на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“