Наодите на австралиските научници сугерираат дека медитеранската исхрана е поврзана со помал ризик за појава на бранови топлина и други вообичаени симптоми на менопауза.
Во деветгодишното истражување учествувале 6.040 жени постари од 50 до 55 години, а резултатите ги објави „American Journal of Clinical Nutrition“.
Во просек медитеранската исхрана, богата со овошје и зеленчук, доведувала до 20-процентно намалување на зачестеноста на вообичаените симптоми на менопауза.
Утврдено е и дека на испитаниците, чија исхрана имала поголем удел на шеќер и масти просечно им се заканувал 23-процентен ризик за појава на бранови топлина и други придружни симптоми на менопауза.
Научниците од Универзитетот Квинсленд веруваат дека исхраната може да влијае на нивото на естроген и така да им помогне на жените во менопауза.