Санкционирани 411 возачи во Скопје, од кои 83 за пречекорена брзина

Од:

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 санкции, меѓу кои 83 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење.

Министерството за внатрешни работи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изрече 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, како и 69 казни за непрописно паркирање. Со „пајак“ се подигнати 61 возило, а 32 санкции се изречени за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР во кое се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози