И годинава од Општина Битола нема пари за Малиот битолски монмартр

Од:

Иако годинава има најголем интерес за учество на млади ликовни уметници од целиот свет, сепак од детското ликовно студио „СВ.Кирил и Методиј“, на само неколку дена пред официјалниот почеток на манифестацијата, се соочуваат со финансиски проблеми и велат дека доколку Општината продолжи да ги третира на ваков начин, манифестацијата ќе згасне.

„Советот и градоначалникот на Општина Битола да нѐ повика и да ни каже дали на градот Малиот битолски монмартр му е потребен. Ако му е потребен, нека го одврзе ќесето и нека помогне“, вели Коста Хаџиконстантиновски, раководител на детското ликовно студио.

Градоначалникот Владимир Талески, на новинарско прашање за оваа тема, денеска Малиот битолски монмартр го окарактеризира како семејна, приватна манифестација.

„Жал ми е што една ваква манифестација се изолира и се сведе на семејна, приватна манифестација, која, за жал, се користи честопати и партиски“, вели Талески.

Притоа, тој нагласи дека би го помогнале Малиот битолски монмартр, доколку се промени концептот на организацијата, односно доколку организаторот најде начин да ги заштити делата.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година