На денешната седница на Собранието на Косово една од точките за кои ќе се разговара е предлог-законот за заштита на воените вредности на Ослободителната војска на Косово „ОВК“.
Косовоските медиуми пренесоа дека седницата е закажана за денес со почеток од 14 часот.
Покрај предлог-законот, пратениците се очекува да разговараат и за недовршените теми од претходните седници што беа одржани во текот на август, септември и октомври оваа годиниа, објави „Косово онлајн“.