Рози и портокали од Црвенковски за новинарите

Од:

Рози – обележјето на СДСМ и портокали на ВМРО-ДПМНЕ, како мал знак на внимание, добија медиумите од лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Во шега, за Телевизија Сител два портокали, едниот, рече Црвенковски специјален поздрав за Латас.

На патот за Крива Паланка, Бранко Црвенковски одговараше на повеќе новинарски прашања за актуелни теми. Во врска со секојдневните прозвики на ВМРО-ДПМНЕ да одговори за шверцот со нафта пред 18 години, Црвенковски вели, секој може да конструира изјава на некоја балканска битанга, дадена за босанска телевизија пред две години и да ја употреби за свои цели.

Немам намера, вели Црвенковски со дополнителни коментари да се инволвирам во евтини сценарија.

Во врска со прашањето дали доколку не победат на локалните избори и тој и целото раководство ќе дадат оставка, Црвенковски вели дека мандатот на сите им завршува со редовниот конгрес во мај 2013-та. Во тој период целото раковдство ќе биде во оставка, без разлика на резултатите од локалните избори.

Околу изјавите на Трифун Костовски и пројавената желба за политичко дејствување, лидерот на СДСМ, вели дека секој е добродојден да се вклучи во опозициското дејствување но, таква средба на која што Костовски нешто побарал, а тој не му дал, немало.

Трајко Велјановски, рече, не само политички туку и кривично ќе одговара и ќе го извадат од фотелјата, доколку не го почитува законот за Собрание и ги блокира надзорните расправи.

Со Тачи имаат средби, но не и разговор за конкретна соработка пред локалните избори.

Како што брифираше ДПА, дека се разговара, за поддршка во одредени градови, а тој договор да финишира пред Рамаданските празници.

Оценките, вели Црвенковски, за генералната состојба во државата се идентични, но каква ќе биде соработката ќе покаже времето.

Во врска со исклучуивањето на Виктор Цветковски од СДСМ, Црвенковски вели – не дозволливо е функционери на СДСМ да седат на две столици и да се усојузуваат со политичкиот противник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО