25-ти конгрес на СДСМ, прв што ќе се одржи преку интернет

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 25. Конгрес, кој ќе биде прв одржан преку интернет во земјава, а за таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки.

Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници.

Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.

Медиумите ќе можат да го проследат отворениот дел од Конгресот во живо и да преземат видео материјал со висока резолуција (HD) доколку имаат потреба за тоа, со обезбден превод на три јазици (македонски, албански и англиски).

За пренос во живо на првиот дигителен Конгрес на СДСМ и преземање на видео материјал медиумите ќе може да ги користат следните линкови: на македонски јазик: https://youtu.be/uWgxIHylWy4, на албански јазик: https://youtu.be/l2uOnJ6ZZMA и на англиски јазик: https://youtu.be/y_C1YB_Bxuk
Директни линкови ќе бидат на располагање и на официјалната интернет страница на СДСМ (www.sdsm.org.mk )
По завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги презентира донесените одлуки.

Прес конференцијата ќе се реализа преку дигиталната платформата Зум.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

Мисовски од конгресот на НСДП: Државата се движи во погрешна насока

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски