Во Грција и Чиле нови рекордни бројки на заразени со коронавирус

Од:

Грчките власти синоќа соопштија дека во државата има 935 нови случаи на заразени со новиот коронавирус што е досега рекорден број за 24 часа. Вкупниот број од почетокот на пандемијата е 29.992 заразени.

Земјата регистрираше 564 смртни случаи од март наваму. Пет лица починаа во последниот ден. Во моментов 91 лице е на интензивна нега.

Чиле го премина прагот од 500.000 заразени со коронавирусот вчера, пред историскиот референдум за промена на уставот, што ќе се спроведе со строги епидемиолошки мерки.

Според официјалните владини податоци, вчера се регистрирани 1.631 новозаболен и 48 нови смртни случаи, со што бројот на заразени е 500.542 од почетокот на пандемијата. Од почетокот на пандемијата, 13.892 смртни случаи поврзани со коронавирусот се регистрирани во Чиле, каде живеат околу 18 милиони луѓе.

Во Бразил 432 лица починаа од Ковид-19 во последните 24 часа, а 26.979 лица се заразија, објави Министерството за здравство. Во оваа земја, вкупниот број на смртни случаи достигна 156.903 и 4.817.898 заразени.

Бројот на смртни случаи поврзани со вирусот во Чешка е двојно зголемен во последните две недели и сега изнесува 2.047, соопшти чешкото Министерство за здравство. Во Чешка, која има 10,7 милиони жители, по седуммесечна пандемија, бројот на смртни случаи достигна 1.000.

Чешки официјални лица признале дека на земјата и треба помош во борбата против Ковид-19.

Првата испорака на 30 респиратори организирана од Европската комисија пристигна синоча во Прага, а се очекува да пристигнат уште 120 респиратори.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески