Северна Кореја денеска по трет пат во изминатите три деноноќија истрела ракета со краток дострел од источното крајбрежје кон Јапонското Море, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја.
Според експерти од Министерството, станува збор за балистичка ракета Кеј Ен-02 со дострел од 120 километри или за модифицирана ракета земја-вода, чиј тип не се прецизира.
Во саботата од истиот регион Северна Кореја истрела три ракети со краток дострел, а вчера една.