Седумнаесетгодишно момче во Франција е приведено заради упатени закани за масовно убиство пред француска гимназија, пренесоа француските медиуми.
Тој како анонимен корисник на Интернет, преку мрежата се заканил дека ќе изврши масовно убиство во кое ќе заврши животот на многу луже, меѓу кои и неговиот, а дека ќе пука со огнено оружје.
Заканувачкото соопштение во кое авторот кажувал дека му е доста од животот и дека нема пријатели, прв пат било забележено на Интернет од тинејџер од реонот на Париз, по што случајот во полицијата го пријавила неговата мајка.