По двонеделното интензивно трагање, во кое се вклучија стотици доброволци и армијата со неколку воени ловци Ф-16 и хеликоптери, две момчиња, на седум и девеггодишна возраст, беа најдени мртви во Холандија, пренесоа медиумите.
Телата на малите Рубен и Јулијан беа најдени во тунел на околу 10 километри од местото каде пред две недели, во автомобил, беше откриен трупот на нивниот татко, 38-годишниот Јерон Денис, кој се самоубил.
Рубен и Јулијан живееле во градот Зајст со својата мајка, која во 2008 година се развела од татко им.
Засега не се познати причините за смртта на момчињата.