ВМРО-ДПМНЕ: Владата да објасни какви обврски имале Заев и нејзините потпретседатели што не можеле да оддадат почит на Гоце Делчев

Од:

„Акт на непочитување и вистински скандал е што на свеченото положување на цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје не најде за сходно ниту еден пoвисок претставник на владата да се поклони и оддаде почит на великанот.

Жално е што тие кои што треба да го бранат делото и заслугите на Гоце Делчев во преговорите со источниот сосед не најдоа засходно да се поклонат пред неговиот споменик на Денот на револуционерната борба 23 октомври“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа покажува дека премиерот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров се статисти во процесот и немаат елементарна почит кон заслугите на револуционерното движење и херојот Гоце Делчев.

Имаме Влада која не ги почитува дејците кои дале живот за денешната слобода, државност и темелите врз кој што овие вредности почиваат.

Владата на Заев должи објаснување какви обврски имале премиерот и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС