СДСМ: Секој, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност во борбата против коронавирусот, законските измени мора да се донесат, мерките мора да се почитуваат

Од:

„Во период на есенски бран од коронавирусот потребна е максимална одговорност и посветеност на секој поединец во спречување на ширењето на заразата.

Согласно новите мерки, работното време на сите угостителски објекти е ограничено до 23 часот, освен на тие што вршат испорака, а воведено е и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50%.

Владата предводена од СДСМ ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите да работа во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации“, соопштуваат од СДСМ.

„Владата предводена од СДСМ ги усвои и мерките со кои се предвидува носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничување на семејните собири. Овие мерки се проследени до Собранието кое треба да ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Но во време кога се соочуваме со нов бран на коронавирусот, кога и кај нас,но и во регионот и во европските земји бројот на заразени секојдневно расте, ВМРО-ДПМНЕ повторно прави се за да ги одолговлекува мерките важни за справување со пандемијата.

Нивните обиди за деструкција и блокирање на законските измени е смислен и тенденциозен обид за дневно политички поени, со што директно се загрозува јавното здравје. Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, повторно докажуваат дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните.

Нема време за одложување. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и потребно е брзо делување, конструктивност и соработка.

Здравјето на граѓаните е пред се. Законските измени мора да бидат донесени, мерките и задолженијата мора да бидат почитувани од сите. Само на тој начин ќе го заштитиме јавното здравје и побрзо ќе ја надминеме заканата од коронавирусот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“