Во Австралија уапсени 44 мажи поради поседување материјали за злоупотреба на деца

Од:

Австралиската полиција уапси 44 мажи низ целата земја под сомнение дека поседувале и произведувале материјали за злоупотреба на деца, јави Би-Би-Си. Тие се на возраст меѓу 19 и 57 години.

Шеснаесет деца биле „спасени од експлоатација“ по истрагата, соопшти австралиската федерална полиција.

Апсењата се случија по една година истрага за споделени слики и видеа на интернет. Мрежата се проширила речиси низ целата држава, и апсењата се извршени во секоја австралиска држава. Полицијата поднесе вкупно 350 обвиненија, сите поврзани со поседување или производство на материјали за експлоатација на деца.

Комесарот на Федералната полиција, Рис Кершоу, рече дека идентификувањето и спасувањето на жртвите била „трка со времето“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа