Ракометарите на Металург триумфираа во финалето од 21.издание на Купот на Македонија совладувајќи ја екипата на Зомимак од Струмица со 26:23 (14:12).
Првиот дел мина во изедначена борба, а Металург првпат се одлепи во 22 минута кога поведе со 12:8.
И вториот дел мина без некоја поголема резултатска неизвесност, иако Зомимак во 42.минута изедначи на 18:18. Но набрзо следуваше серијата на Металург за водство од 21:18.
Најефикасен на натпреварот беше Ренато Вугринец со 9 голови.
Финалниот турнир изминативе два дена се играше во СРЦ „Кале“ во Скопје.
За најдобар играч беше прогласен Филип Миркуловски од Металург, најдобар голман е Дарко Станиќ од Металург, а најдобар стрелец на завршниот турнир беше Игор Павловски од Зомимак.
За ракометарите на Металург ова беше деветто финале, а по петти пат го кренаа пехарот во Купот на Македонија (2006, 2009,2010, 2011 година).
Тимот на Зомимак го играше своето прво финале.