Карванот за климатски промени што го организира Мрежата за рурален развој во рамки на УСАИД проектот за адаптација на земјоделството кон климатските промени денеска престојуваше во Богданци.
Под мотото „Поплава, суша, студ – да го спасам мојот труд“, претставниците од УСАИД и професори од Земјоделскиот институт ги едуцираа индивидуалните земјоделци за важноста од проактивните чекори како одговор на последиците од климатските промени.
Заменик директорката на УСАИД проектот Весна Ламбевска-Домазетова истакна дека климатските промени се реалност во Македонија притоа посочувајќи дека се почесто сме сведоци на поголеми поплави, суши и град кои нанесуваат огромни штети на земјоделството.
Заради тоа, рече Ламбевска-Домазетова, треба што повеќе да се запознаеме со потребните технологии и мерки за да го зачуваме нашиот род во кој што сме вложени многу труд и средства.
Градоначалничката на општина Богданци, Анастасија Олумчева изрази надеж дека проектот ќе ги постигне поставените цели и ќе ги надмине очекуваните резултати.