СДСМ: Сите мора да покажеме општествена одговорност, да го штитиме своето здравје и здравјето на луѓето околу нас

Од:

„Во услови кога состојбата со коронавирусот во земјата е алармантна, бројот на заразени е троцифрен и континуирано расте насекаде низ државата од клучно значење е сите граѓани, без исклучок доследно да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето и ковид протоколите.

На носењето заштитна маска, одржувањето дистанца и редовното миење и дезинфекција на рацете е додадено ограничување на работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50%“, велат од СДСМ.

„Покрај овие мерки, Владата предводена од СДСМ ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите да работа во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.

Овие мерки, како и претходниот пакет, кој предвидува носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничување на семејните собири. којшто е во собраниска процедура, се донесени по зголемениот број на нови случаи на инфицирани со коронавирусот.

По барање на опозицијата точката за Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во Собранието, беше одложена.

Но, време за одложување нема. Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки со кои се штити здравјето на граѓаните.

Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна. Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Веќе се сместуваат пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје.

Сите граѓани мора да покажеме општествена одговорност да го штитиме своето здравје и здравјето на луѓето околу нас.

Да ги почитуваме мерките. Секој еден од нас е важен во битката со коронавирусот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“