Конференција на министрите од ЕУ и од Западен Балкан за правда и внатрешни работи

Од:

Министрите од ЕУ и од Западен Балкан денеска ќе одржат видео конференција за правда и внатрешни работи, најави Брисел.

Конференцијата е во организација на германското претседателство со Советот на ЕУ, а покрај министрите, ќе учествуваат и еврокомесарите за проширување, правда и внатрешни работи, Оливер Вархеји, Дидие Ренедерс и Илва Јохансон.

Европската комисија најави дека комесарката Јохансон и министрите од регионот ќе разговараат за соработка во управувањето со миграцијата, вклучително и интензивирање на регионалната размена на информации, подобрување на информациските системи и зајакнување на капацитетите за прием и азил во пресрет на новиот Европски пакт за миграција и азил.

По презентацијата на Европол за постојаната борба против тероризмот во регионот, министрите ќе разговараат за тековните предизвици поврзани со тероризмот и насилниот екстремизам, вклучително и напредокот во спроведувањето на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот за Западен Балкан.

Ќе се дискутира и за подобрувањето на оперативната соработка во борбата против организираниот криминал, како и за новиот Акциски план на ЕУ за трговија со оружје и за Акцискиот план за дрога.

Комесарот Рендерс ќе им се придружи на министрите за да разговараат за пандемијата и нејзиното влијание врз судските системи и основните права, вклучително и употреба на технологии за комуникација на далечина во судења, постојни гаранции за обезбедување почитување на правото на правично судење, заштитата на жртвите на семејно насилство, процедурите за зачувување на владеењето на правото и пропорционалноста на мерките преземени за ублажување на кризата.

Комесарот Рендерс ќе ги информира учесниците за спроведувањето на два проекта за мерење на влијанието на судскиот систем во регионот и ќе ги презентира најновите случувања во владеењето на правото во Унијата, вклучувајќи го и првиот извештај за владеењето на правото, кој на ЕУ 27 и го презентираше Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија