Шпанија го надмина прагот од еден милион заразени со новиот коронавирус и е прва членка на Европската унија со толку голем број заразени лица.
Министерството за здравство соопшти дека 16.973 лица биле заразени во последните 24 часа, што е вкупно 1.005.295 од почетокот на епидемијата.
Во последните 24 часа починаа 156 лица, а од почетокот на епидемијата – 34.366 лица.
Шпанија, со околу 47 милиони жители, е шеста земја во светот што го надмина прагот од еден милион заразени по САД, Индија, Бразил, Русија и Аргентина.