Заврши осумчасовната заложничка драма во грузискиот град Зугдуди, а ограбувачот на експозитура на Банката на Грузија е уапсен, јавија локалните медиуми.
Разбојникот, кој држеше дваесетина заложници во банка , е уапсен откако полицијата прво му ги предаде бараните пари, а тој се обиде да избега заедно со тројца од заложниците, држејќи во раката подигната рачна граната.
Телевизијата Рустави објави снимка од моментот кога се уште неидентификуваниот ограбувач на банката, кој носи црна маска, ја напушта зградата заедно со тројцата заложници.
Според телевизијата, напаѓачот се упатил кон хелиодром во близина, каде мислел дека го чека договорениот хеликоптер за бегство, но во меѓувреме бил совладан и приведен од полициските специјалци.
Разбојникот попладнево влета во банката вооружен со автоматска пушка и бомба, земајќи десетици заложници, од кои дел успеаја да побегнат, а дел, меѓу кои повозрасни луѓе и една бремена жена, беа ослободени од ограбувачот. Според грузиските медиуми, тој барал половина милион долари, заканувајќи се дека ќе пука во заложниците и ќе ја активира гранатата во просторијата во која ги држел, ако полицијата тргне во напад.
Напаѓачот претходно испрати и снимка на која се гледаат заложниците, меѓу кои имало и вработени и клиенти во банката, седнати на подот во една од канцелариите.
В Грузинском городе Зугдиди вооруженный мужчина захватил банк. Преступник требует 500 тысяч долларов.
На данный момент он отпустил пожилых заложников, еще некоторым удалось сбежать с помощью пожарной лестницы на крыше. pic.twitter.com/Ybo5EPoTxK
— Я люблю Грузию ?? (@TbilisiMe) October 21, 2020
Грузиското министерство за внатрешни работи претходно ги замоли медиумите да не емитуваат снимки во живо додека трае акцијата на специјалците.