Приходите на Манчестер Јунајтед паднаа за речиси една петтина поради отсуството на тимот од Лигата на шампионите и затворениот стадион за време на пандемијата, објавија рекордерите по бројот на англиски титули.
Јунајтед оствари приход од 509 милиони фунти до 30 јуни, што е за 19 проценти помалку од минатата година.
Долгот на клубот порасна за 133 проценти на 474,1 милиони фунти, а загубите се 23,2 милиони. Јунајтед се врати во Лигата на шампионите оваа година, но Премиер лигата сепак не може да гарантира присуство на навивачи на трибините.