Американските санкции против гасоводот „Северен поток 2“ ќе засегнат преку 120 европски компании

Од:

Управувачката компанија за изградба на рускиот гасовод кој треба да се протега од Русија до Германија под Балтичкото Море, „Норд стрим 2 АГ“, изброја 120 компании кои ќе бидат на удар на проширените санкции од САД.

-Секоја закана со примен на санкции против проектот „Северен поток-2“, врши влијание на цела низа западни изведувачи и инвеститори. Ако санкциите стапат во сила, тие ќе ударат по повеќе од 120 компании од 12 земји во Европа, се вели во денешното соопштение за јавноста на „Норд стрим 2 АГ“.

Американскиот Стејт департмент синоќа воведе нови санкции против компаниите кои даваат услуги, стоки или финансирање за модернизација или инсталација на опрема на пловилата кои ќе работат на гасоводниот проект.

Во Вашингтон, гасоводот го гледаат како инструмент за ширење на злонамерното влијание на Русија во Европа и закана за диверсифицираниот енергетски пазар на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина