Денес е третиот и последен ден од саемот на цвеќе, кој се одржува во Битoла, а е во организација на на здружението Битола бренд. Од здружението велат дека оваа година има многу повеќе учесници на саемот и многу повеќе случувања во текот на трите саемски дена од претходно.
„Големо е задоволството, бидејќи годинава имаме многу поголем број присутни посетители за разлика од минатата, кога моравме повеќе да ги убедуваме луѓето што значи оваа идеја“, вели Весна од Битола бренд.
Поддршка за саемот од здружението имаа и од јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола, а на саемот му претходеше и проектот „мали градинари“, каде што деца од градинките садеа цвеќиња и семиња, кои се користат секојдневно во исхраната, а нивната креативност беше изложена на посебни штандови на саемот.
Од здружението се задоволни од тоа како протекоа трите саемски дена и велат дека ја исполниле својата цел – покрај тоа што беа организирани повеќе работилници за аранжирање цвеќе за разни пригоди, покрај тоа што беа изложени многу видови цвеќе и во овие 3 дена ја разубавиле Битола, една од нивните цели е преку овој саем да привлечат повеќе туристи и се надеваат дека во иднина овој саем ќе стане туристичка атракција.