Шеќеринска не ја смета за сериозна изјавата на Каракачанов дека ќе прати војници да ги отстранат спомен плочите

Од:

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за сериозни, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, како одговор на изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека ќе прати бугарски војници во Македонија за да ги отстранат спомен плочите на кои Бугарија се нарекува фашистички окупатор.

„Бугарија е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин на кој комуницираат или треба да комуницираат членки на Алијансата.

Ние ќе продолжиме да ги испраќаме истите пораки кои сме ги испраќале минатите години. Нашите граѓани не плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, а таа безбедност зависи од добрососедски односи“, рече Шеќеринска.

Таа вели дека очекува Бугарија, која беше една од државите од регионот која од самиот почеток ја поддржа нашата независност, но и нашето членство во НАТО и ЕУ, тоа да го прави и сега.

„Пријателските народи македонскиот и бугарскиот можат да одат напред само ако се поддржуваат“, рече Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини