Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа изјави дека не разговарал за промена на уставот на Косово со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Како што тврди тој, на Лајчак му било кажано дека ниту ЕУ ниту пак Приштина не знаат што да прават во врска со Унијата на српски општини.
Мустафа додаде дека самото име на таа организација на српски општини е двосмислено, така што Србите и меѓународната заедница го користат терминот „заедница“ за тоа, а Албанците го користат зборот „здружение или асоцијација“, пренесува „Газета Експрес“.