ВМРО-ДПМНЕ: Бројката од над 6.000 заболени за три недели е последица на лошиот пристап на Комисијата од почетокот на пандемијата

Од:

„Над 6.000 заболени за три недели. Стратегијата на Комисијата за заштита од заразни болести и власта резултира со дебакл.

Власта која менаџира со здравството имаше цело лето да се подготви за есенскиот бран на КОВИД, но со месеци ништо не е направено.

СДСМ не инвестираше во нови болнички капацитети, медицинскиот персонал не доби дополнителна награда за својот труд и посветеност, односот на менаџментот на болниците со вработените е лош“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта го фрли целото здравство во хаос. И сега кога немаме ден, а бројот на заболени да не е неколку стотина, власта не знае што да прави.

СДСМ политизираше се. Власта ја политизираше и Комисијата за заштита од заразни болести, одлуките се политички, а не стручни.

Комисијата за заразни болести, од сам почеток ја води погрешно работата, без план и стратегија, само да се задоволат апетитите на власта. Тоа предизвика Македонија да нема втор есенски бран, туку континуиран бран со пикови, кои се секој ден се поголеми.

Одговорност за аматеризмот кој ја донесе државата до хаосот предизвикан од КОВИД на здравствено и економско поле мора да има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ