Презентација на нов вид заштитна маска за заштита од Ковид-19

Од:

Презентација на иновација на нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба за заштита од вирусот Ковид-19 ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот, во организација на Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАИМ), со поддршка од Министерството за здравство.

– Пронаоѓач од НАИМ патентирал целосно нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба од која се очекува решавање на проблемот на „одбојност кон употреба на заштина маска“ што е и една од главните причини за несузбивање на пандемијата Ковид 19, наведуваат од НАИМ.

Оттаму посочуваат дека при употреба на овој нов вид на заштитна маска, воздухот се вдишува низ платното на заштитната маска, и тоа низ нос, а се издишува низ посебни канали вон внатрешноста на заштитната маска.

– На овој начин корисникот на заштината маска, вдишува секогаш свеж воздух, што не е случај при користењето на постоечките маски, посочуваат од НАИМ.

Авторот на овој проект, додаваат, смета дека со производството на овој вид на заштитна маска и нејзината широка употреба во светот, во значителна мера ќе се подобри ситуацијата со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски