Во текот на минатата 2019 година 40,1 отсто од вкупните потреби на енергија во Македонија се покриени од домашно производство, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, вкупното бруто-примарно производство на енергија во 2019 година изнесува 1.128.759 toe (еквивалент на енергија на тон од нафта) или 40,1 отсто од вкупно потребната енергија која изнесувала 2.814.316 toe.
Лани најголеми потрошувачи на енергија биле сообраќајот со 39,3 отсто, домаќинствата со 23,8 и индустријата со 22,4 отсто од расположливата финална потрошувачка.