Директорот на Пошта Ејуп Рустеми од ДУИ ќе биде директор на ЈП„Државни патишта“, потврди Заев

Од:

Ејуп Рустеми од ДУИ, актуелен директор на Македонска пошта, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денес премиерот Зоран Заев. Рустеми во „Државни патишта“ доаѓа на местото на Зоран Китанов од СДСМ.

Од Кабинетот на Русетми за „А1он“ кусо изјавија дека директорот оди во „Државни патишта“ и дека сите прашања околу најавената приватизација на Пошта треба да ги одговори Владата.

Рустеми беше назначен за директор на АД„Пошта на Северна Македонија“ во август 2018 година. Тој си заминува од функцијата само неколку дена по најавата за приватизација.

Минатата недела премиерот Зоран Заев го најави процесот и ги задолжи сегашниот директор Рустеми, министерот за економија Крешник Бектеши и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи да подготват физибилити студија која треба да покаже дали приватизација или јавно приватно партнерство е подобар начин за приватизација на компанијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?