Екстремисти упаднаа во затвор во Конго и ослободија 900 осудени

Од:

Вооружени напаѓачи утрово упаднаа во затвор во градот Бени и ослободија околу 900 осуденици во координирана акција, објави градоначалникот на градот, Модесте Бакванамаха кој за нападот ги обвини исламските екстремисти од Уганда.

„За жал, бројни напаѓачи влегоа преку затворската врата која има електронска заштита и во координиран напад врз затворот и позициите на армијата што го чуваaт, ослободија околу 900 осудени лица“, изјави градоначалникот Бакванамаха за „Ројтерс“.

Тој за нападот ги обвини „Обединетите демократски сили“, вооружена група од Уганда, која работи во Конго од 1990 година и чии припадници убија повеќе од илјада цивили минатата година.

Досега никој не презеде одговорност за последниот напад, пренесе „Ројтерс“.

Би можело да ве интересира

Претреси во четири германски сојузни покраини, акција против радикалните исламисти

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции