Српскиот кошаркарски интернационалец во редовите на Виртус Болоња беше исклучен во завршницата на мечот против Реџо Емилија во италијанското кошаркарско првенство, откако бурно реагираше на одлуката на судијата да му додели техничка грешка за еден претходен приговор.
Теодосиќ му се внесе во лице на арбитарот, со намера да му ја објасни својата страна на работите, но доби само уште една техничка грешка и исклучување.
Espulsione nel finale per #Teodosic , colpaccio della Reggiana che vince contro la Virtus Bologna 67 a 77. pic.twitter.com/7EuZxp3Tth
— Bosco Giorgio (@BoscoGiorgio98) October 18, 2020
Српскиот кошаркар, некогашен МВП на Евролигата и играч во НБА, е казнет со 3.000 евра за агресивниот испад. Неговиот тим го загуби мечот со 77:67.