Хрватска може да се соочи со недостиг од лекови поради долг кон веледрогериите

Од:

На Хрватска и се заканува недостиг на лекови поради големиот долг на државата кон веледрогериите, кој во моментот е над пет милијарди куни (околу 700 милиони евра).

Претставниците на веледрогериите денеска демонстративно заминаа од состанокот со министрите за финансии и за здравство, Здравко Мариќ и Вилијем Берош, тврдејќи оти не им е понудено решение.

– Можам да бидам партнерт на системот до две милијарди куни. Ние повеќе од две милијарди куни не можеме да толерираме, тоа е работа на Владата, изјави претставничка на една од веледрогериите.

Таа додаде дека долгот на болниците е 4,3 милијарди куни, а аптеките должат уште 700 милиони куни, така што долгот надминува над пет милијарди куни.

Министерот за финансии Мариќ истакна дека лековите се важни, но оти треба да се земе во предвид и каква е ситуацијата со буџетот.

Тој додаде дека се пред договор и оти ќе продолжат разговорите,а дел од средствата ќе биде обезбеден од ребалансот на буџетот.

– Настојуваме преку прераспределба да најдеме дел од средствата за, се надевам, да се избегне застој во дистрибуцијата на лекови, посочи Мариќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик