Влада: Предлог за дефиниција на идентитетската припадност на Гоце Делечев нема, тврдењата на Милошоски груба шпекулација

Од:

Владата на Република Северна Македонија категорично ја оценува како невистина и ја отфрла шпекулацијата на пратеникот Антонио Милошоски за наводни предлози за дефиниција за идентитетската припадност на Гоце Делчев на кои би требало да се согласат премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.

-Таков предлог не постои, ниту бил предмет на дискусија, а изнесеното тврдење на пратеникот Милошоски е груба шпекулација и само нанесува штета на процесот што го води заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, нагласува Владата во одговорот за тврдењата кои Милошоски денеска ги изнесе преку статус на Фејсбук.

Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за…

Posted by Antonio Miloshoski on Понеделник, 19 октомври 2020

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој се повикува на дипломатски извори од МНР, последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11 ноември во Бугарија би требало да се согласат дека „Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност е Бугарин роден во географската област Македонија”. Оваа дефиниција, според Милошоски би се применувала и на други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други.

Од Владата за МИА нагласуваат дека сите дискусии поврзани со личности и настани од историјата се водат преку заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за образовни и историски прашања.

-Владата на Северна Македонија ја поддржува нејзината работа и ја поздравува заедничката одлука на членовите да имаат почести средби во иднина, се вели во одговорот на Владата.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината