Голема полициска акција во Охрид и Струга – откриено големо количество дрога

Од:

Во голема полициска акција на подрачјето на Охрид и Струга, полицијата во текот на денешниот ден открила поголемо количество на дрога која била наменета за продажба на нарко-пазарот.

Количеството на запленетата дрога не се соопштува иако според наши информации полициската акција се уште е во тек и во неа биле уапсени лица од Охрид и лица од некои од струшките села.

Акцијата била преземена врз претходни оперативни сознанија, но и со учество на посебни полициски екипи специјализирани во борба против нелегална трговија со дрога. Повеќе детали најверојатно ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите