Мартин Протуѓер позитивен на Ковид-19, рочиштето за „Титаник“ одложено

Од:

Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, а сега обвинет во процесот „Титаник”, е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој случај.

Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на коронавирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во следните 20 дена, односно во тој период нема да се одржат главните расправи.

Во однос на ново настаната ситуација судијата Осман Шабани, ги задолжи адвокатите на обвинетиот Мартин Протуѓер, пред 5 ноември да го известат судот за неговата здравствена состојба.

Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Обвинителниот акт инициран од поранешното Специјано јавно обвинителство, за овој предмет сомничи 20 лица за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски